Денеска во населеното место Баница беше поставен камен темелник на храмот посветен на Свети Јован Крстител. Градбата на храмот ја финансира локалното население и жители кои подолго време се на работа во странство.
Инвеститорите очекуваат динамиката на изградба да оди според планираното, посочувајќи дека се отворени за помош и донации.
-Радосен ден за нашето село, велат инвеститорите среќни што Баница ќе добие свој храм.
Изградбата е со благослов на Неговото Високо пресвештенство, Митрополит Струмички г.Наум.
strumicadenes.mk