Голем пожар кај Неготино, итно полетува авион на ДЗС, на готовс и два хеликоптери на МВР

Авион на ДЗС во секој момент ќе полета кон боровата т.н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино каде во моментов има силен пожар врз кој територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци тешко воспоставуваат контрола поради засилениот ветер.

Доколку состојбата со пожарот се влошува, во состојба на подготвеност за полетување се два хеликоптери на МВР.

извор: 4news.mk