Одбележан патронот на манастирот Света Марена во Туминец, областа Мала Преспа

Македонците од областа Мала Преспа  го одбележаа патронот на познатиот манастир „Света Марина“ во селото Туминец. По повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена – Огнена Марија, по традиција во Туминец од синоќа а посебно денеска освен  жители од селата на Мала Преспа, беа и од подрачјето на Корча, како и од Ресен Струга и Прилеп. 

За овој празник тука секогаш се и поголемот број од поранешните жители и нивните потомци, кои сега живеат во други градови во Албанија, во Македонја и Грција. 

Одбележувањето почна од синоќа кога во дворот на манастирот до доцна во ноќта се виеше македонско оро и се пееја македонски песни а по денешната Богослужба што ја одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири и двајцата Македонци од Мала Преспа, верниците продолжија со одблежувањето. 

Инаку, селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење – Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители. Во овој манастир се наоѓаат поголем дел од моштите на Светицата каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти. 

 

vesnik-ilinden.com