Вчера (30.07.2023) во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пределот на кањон Матка се изгубиле две лица, државјани на Народна Република Кина. Полициски службеници од Полициското одделение Сарај излегле на местото и со брза интервенција и преземени активности за кусо време лицата биле пронајдени во околината на манастирот „Св.Никола Шишевски“.
Двете лица (машко и женско) биле во релативно добра здравствена состојба, но со знаци на дехидрираност и замор, по што безбедно биле симнати во с.Долна Матка, каде што од страна на екипа од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош, а потоа биле однесени до местото каде престојуваат во Скопје.
извор: МВР