Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист, соопшти ЦУК.
Параглајдеристот поради сериозните повреди на р’бетот е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите е сместен во хеликоптер на МВР.
Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим, соопшти Центарот за управување со кризи.