Ненадејниот пад на температурите како и временските непогоди кои го зафатија регионот Венето донесоа снег на врвот Мармолада во Италија.
Планината вчера побеле на висина од 3.434 метри, а видеото од снегот во август на социјалните мрежи го објави сопственикот на планинарската куќа Карло Будел.
Минималната температура беше минус шест степени, додека дневната не се искачи над четвртата поделба. Во котлината температурата се намали за повеќе од десет степени, а целиот регион беше зафатен од лошо време, невреме и обилни дождови.
View this post on Instagram
nova.rs