Необична трагедија во Италија: Човек починал кога врз него паднале илјадници парчиња сирење

Трагедијата се случи откако вчера пукнала полица во неговиот магацин во Ломбардија, северна Италија, создавајќи домино ефект во кој се урнале илјада пити, објасни за AFP пожарникарот Антонио Дуси.

Тој додаде дека спасувачите „морале рачно да ги преместат сирењата и полиците“ и дека „им биле потребни околу 12 часа“ за конечно да го пронајдат телото на загинатиот маж, пренесува Гардијан. Магацинот, кој се наоѓа во гратчето Романо ди Ломбардија во близина на Бергамо, содржел 25.000 пити од кашкавалот „Гран Падано“, тврдо сирење кое наликува на пармезан и е многу популарно во Италија.

Некои од питите наводно паднале од височина од околу 10 метри, а локален жител за италијанските медиуми изјавил дека падот звучел „како гром“. Причинетата економска штета е проценета на 7 милиони евра. Зборувајќи за италијанските медиуми, еден сосед го опишал Чипарини како „дарежлив“ човек.

извор: Гардијан