Доаѓа топлотен африкански бран во Македонија, температури до 40 степени

Под влијание на топла воздушна маса од Африка, времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно, суво и претежно сончево. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места тие ќе надминуваат и 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе достигне до 39 степени.

Да напоменеме дека овие температури и не се екстремно високи, како што имавме за време на првиот екстремно топол Африкански бран.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и во следните денови ќе има вредност помеѓу 8 и 9.

Во Скопје за време на овој топол бран температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 35 степени.

Повисоки ќе бидат и минамалните утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени.

 

 

meteoalarm.mk