Водата од струшкиот водовод не е за пиење!

„Поради дефект на водоводна мрежа, водата во градот Струга моментално не е за пиење. Работните тимови на претпријатието се на терен за решавање на проблемот.“ – објавија од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да не користат вода до следното известување.