Прилеп повторно организира “Prilep OUTLET Weekend 2023“, на 25-ти и 26 август. Прилепската чаршија која изобилува со квалитетна понуда на облека и обувки, традиционална храна и одличен амбиент за одмор и кафе-муабет ќе понуди неверојатни попусти. За посетителите и љубителите на шопингот подготвени се извонредни попусти до 50%, но овој пат и ново изненадување на “Prilep OUTLET Weekend 2023 “ – Night Shopping, каде прилепските бутици за сите вљубеници на шопигот ќе работат до 22 частот, кулминирајќи по 20 часот, со екстра цени и нови изненадувања за потрошувачите.
„Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавниците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебна ознака. Нашиот амблем е „мајмунче“, знаменце со „мајмунче на шопинг“ и постер што ќе ги краси нашите продавници и тоа ќе биде препознатлив знак. А, за муштериите ќе има попусти на секој ќош“- велат прилепските трговци.
Настанот “Prilep OUTLET Weekend” и Night Shopping е поддржан од ЛС Прилеп.
Градот и прилепската чаршија предвидуваат и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на викендот на 25ти и 26ти, ќе го посетат Прилеп. А, сите случувања од настанот ќе бидат објавувани на специјално креираната фан страна, која посетителите ќе можат да ја следат и да се информираат
https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137
Прилепската чаршија, со поддршка на локалната самоуправа, на почетокот од годината (17-ти и 18 февруари) за прв пат го организираше „Prilep OUTLET Weekend“ кој што предизвика огромен интерес во регионот. Во шопинг настанот се вклучија над 200 продавници од прилепската чаршија: бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника, угостители, а Прилеп го посетија над 10 илјади луѓе.