Се собраа Македонци од двете страни на границата во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле, инаку блиску до Дебар, кај црквата Свето преображение која датира од 12 век и е под заштита на албанската држава, како споменик на културата уште од 1970 година. На оваа црква Бигорски манастир ѝ има подарено 12 икони.
„Традицијата не ја забораваме. Во црквата доаѓаме спроти прзаникот, тука сме од синоќа, а одбележувањето го продолживме денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни, туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ, вели жител на селото.
vesnik-ilinden.com