На денешната прес конференција на министерот за здравство, Фатмир Меџити при одговор на новинар кој презентираше видео на кое се гледа како екипа на брзата помош пие кафе додека пациентот чека во возилото, министерот одговори дека ќе следат ригорозни казни ако се потврди вистинитоста на случајот за кој веднаш по прес конфреренцијата итно побара да се истражи.
-Ако го потврдиме ова, мерките ќе бидат многу ригорозни. Знаете како постапувам јас. Веднаш ќе го разгледаме во Министерство овој случај и ако го потврдиме дека е точно ќе бидат преземени строги мерки, рече Меџити.
За детали околу овој случај Министерството ќе излезе во најкраток рок.