Половина часа се чека за влез и за излез во земјава на Табановце и на Богородица

На граничните премини Табановце и Богородица изутринава времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

амсм