Го продале стариот автомобил со намера да купат покомфорен но среќета им се насмеала, Ѓоко „изгребал“ Хјундаи тусон од инстант лозот „7 х 7“

Ѓоко Ѓоргиовски, татко на три деца, млад човек, скромен, насмеан и разговорлив такси-возач од скопската населба Ченто е среќен добитник на премија од инстант лозот „7 х 7“ и веќе го вози својот нов прекрасен ХЈУНДАИ ТУСОН „изгребан“ на инстант лотарија.

Клучевите од атрактивниот автомобил ги предадовме на семејството Ѓоргиовски пред продажното место „Илијана“ во скопската населба Ченто, од каде што е купен добитниот лоз, а тие среќни и возбудени ни ја раскажаа својата приказна.

Имено, Ѓоко и Христина неодамна го продале стариот автомобил со намера да купат нов, подобар и покомфорен за своето 5-члено семејство. Неодамна, на враќање кон дома, на минување крај продажното место „Илијана“, сопругата на Ѓоко, Христина, предложила  да купат 4 инстант лоза „7х7“. По неколку заменети лозови со помали добивки, гребејќи ги полињата на последниот лоз окриле три исти симболи − ХЈУНДАИ ТУСОН, коишто означуваат само едно – дека е освоена една од 14-те премии, едно од 7-те СУВ-возила ХЈУНДАИ ТУСОН.

Среќниот добитник сподели со нас дека неговите родители редовно играле лото, но нему не му се верувало дека може да е се добие на игра на среќа, па со сопругата само повремено играле инстант лотарија заради забава. „Не верував дека може да се добие на игра на среќа, додека и самиот не станав добитник“, ни рече Ѓоко и додаде: „Сега верувам, вистина било, отсега ќе уплаќам и лото, моите родители играа лото и пропуштиле 7-ка, но можеби мене пак ќе ми се посреќи“.

Среќното семејство Ѓорѓиоски со своите три дечиња планирале да заминат на одмор во Охрид и се мислеле од кого да позајмат возило. Но, ете, една добра идеја да купат инстант лозови на враќање кон дома, им го решила проблемот. Буквално, спакувани го дочекаа доделувањето, па откако го преземаа автомобилот ги испративме на одмор во Охрид од каде што очекуваме импресии и фотографии.

 

 

tera.mk