РТ: Авион се урна во регионот Твер, меѓу патниците бил и Евгениј Пригожин

Приватен авион се урна во областа Твер, во него имало десет луѓе и сите загинале, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, објави lat.rt.rs.

Меѓу патниците бил и основачот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, објави „Росавијација“, пренесува „РИА Новости“.

„Според податоците на Министерството за вонредни состојби на Русија, во областа Твер, во близина на селото Куженкино, се урнал приватниот авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург. Во него имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот.Според првичните информации, сите загинале“, се вели во извештајот на Министерството.

 

Извор: lat.rt.rs