(ФОТО) Каролина крајот на летото го поминува во Охрид

Поп-пејачката Каролина Гочева крајот на летото го искористи да се одмори во Охрид. Таа се прошета низ улиците на стариот дел од градот, по шеталиштето покрај пристаниште, а го посети и Плаошник.

Уживаше на зајдисонце со поглед на езерото, но и во добрата храна, во еден од рестораните во градот, со чашка ракија и охридско макало.

„Три прекрасни дена во секогаш најубавиот Охрид“, напиша таа на Инстаграм и објави серија фотографии од деновите поминати таму.

Пејачката скоро секое лето поминува неколку дена во Охрид.

Таа не крие дека го обожава градот и дека секогаш се забавува како турист во македонскиот бисер.

Каролина претходно беше на одмор во Хрватска со својата сестра Сандра, со мајка ѝ и со внуките, а објави и неколку фотографии од летувањето на Скијатос, каде што беше со сопругот, уметникот Михаил Корубин.

 

 

 

crnobelo.mk