Владата предводена од СДС и ДУИ очигледно за скандалот Онкологија ни подготвува сценарио по она веќе виденото со модуларната болница во Тетово.
За тоа што изгоре модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот. Сега за скандалот Онкологија очигледно епруветата ќе биде виновна.
Втора недела откако МВР влезе во Онкологија и започна истрага за нешто за што две години се зборуваше речиси постојано, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Власта на СДС и ДУИ не само што ја урниса довербата на граѓаните во здравството, тоа го стори речиси во секоја област. Скандалот Онкологија е само дополнителна потврда дека не може да им се верува ниту на истражните, ниту правосудните органи.
На Клиниката за онкологија наместо да се лечат пациенти, се правел бизнис. Наместо лекарствата да се дадат на лицата болни од рак, истите се препродавани на црниот пазар во Македонија и земјите од регионот.
Очигледно е дека стотици животи биле загрозени, а веројатно можеле да бидат и излечени.
Власта на СДС и ДУИ, надлежните институции наместо да се фатат за работа продолжуваат со своите тендери и скандалозни бизниси. Сето тоа отвора сомнеж за вклученост во скандалот Онкологија на највисоките ешалони од власта.
Лицата од власта на СДС и ДУИ се покажаа како махери за криминални зделки, а во случајов Онкологија и очигледно прекривање докази, заташкување на скандалот.
Мора да се стави крај на криминалното и скандалозно владеење на СДС и ДУИ! По изборите сите кои сториле криминални активности ќе се најдат пред лицето на правдата!
извор: ВМРО ДПМНЕ