Тешко повредена Софија Лорен по пад во нејзиниот дом

0
211

Италијанската актерка Софија Лорен (89) е тешко повредена по падот во нејзиниот дом во Женева во неделата наутро.

Како што пренесува „Corriere della Sera“, актерката била пренесена во болница каде  ѝ била констатирана фрактура на колкот.

Операцијата поминала добро, а следи нејзината рехабилитација. На актерката  ѝ помагаат синовите Едоардо и Карло.

Лорен в вторник требаше официјално да го отвори четвртиот ресторан во Италија што го носи нејзиното име во Бари, по оние во Милано, Фиренца и аеродромот Фиумичино.

 

 

 

plusinfo.mk