Здружението “До бебе по патот на инвитро” на 14.10 организира средба со сите оние кои ја водат битката со инвитро

Здружението “До бебе по патот на инвитро” ве повикува на првата кафе средба за сите оние кои ја водат битката со инвитро.

Една од причините за овој настан е да се претстави новиот претседател на здружението Ана Андреевска, а воедно и да се споделат искуства, идеи и да се слушне што е она што им е најпотребно на овие луѓе, и на кој начини ова здружение ќе може подобро да им помогне.

Понесете ја вашата добра енергија која им е потреба на нашите соборци во ова патување, велат од здружението.

Средбата ќе се одржи на 14.10 од 17 до 19 часот во Кафе ,,Котур” .