Во 1963 година, Порше го претстави наследникот на Порше 356, модел 901, на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт. Сериското производство започна во септември 1964 година.
Еден месец подоцна, кога веќе беа произведени 82 автомобили и кога Порше го изложи својот нов 901 на Саемот за автомобили во Париз, францускиот конкурент Пежо стави вето на името – затоа што поседува меѓународни права за сите имиња на автомобили со три броја и нула во средината… Така се роди Порше 911.
Дизајнерско совршенство
Тоа не беше првиот спортски автомобил на Порше, но сепак е најпознат, иако е ревидиран 8 пати во својата 60-годишна историја. Силуетата, сепак, остана речиси непроменета до ден-денес. За дизајнерските експерти, неговите пропорции се идеални.
Типични варијанти на каросеријата на Порше 911 се купе, кабриолет и тарга.
Се придвижува од 6-цилиндричен боксер мотор во задниот дел на автомобилот – така 911 го продолжува класичниот принцип на дизајн што веќе може да се најде во претходните модели на Порше, како што се познатиот Фоксваген „Буба“ или Порше 356.
Американскиот новинар Ренди Лефингвел опиша во својата книга „Порше 911: Дизајнерско совршенство” колку е важен дизајнерскиот јазик за успехот на ова Порше. Накратко – тоа е елегантна, минималистичка и препознатлива форма на спортски автомобил. „Затоа речиси секое дете црта спортски автомобил автомобил со тркалезни фарови, подигнати браници и нежна линија на покривот 911“, се вели на веб-страницата на Порше.
Извоз – важен фактор за успех
Френк Јунг, раководител на архиви и историски услуги во Порше АГ, го опишува возилото произведено во Штутгарт како „срцето и јадрото на Порше до денес“.
Моделот, кој и денес се произведува во Цуфенхаузен, на периферијата на Штутгарт, стекна светска слава со појавувањето на американскиот пазар – првите 911 беа извезени во САД во февруари 1965 година.
„Извозот отсекогаш бил еден од движечките фактори за успехот на Порше 911 – првично првенствено на американскиот пазар, но сега и во светот“, изјави Јунг за ДВ.
За 60 години, повеќе од еден милион Порше 911 беа продадени ширум светот.
Светот на филмот и музиката и познатите личности
Порше 911 се појавува во филмови, музички спотови, уметнички дела и го возат познати личности, што сигурно придонесе за неговата популарност.
Во „Downhill Racer“ (1969), Роберт Редфорд игра професионален скијач кој се трка низ Алпите во жолт 911T.
Првата секвенца од филмот од 1971 година „Ле Ман 66: Славните 24 часа“ го прикажува актерот Стив Меквин зад воланот на сивото Порше 911 S од 1970 година. Тој очигледно се заљубил за време на снимањето – кога филмот завршил, го купил автомобил за сопствена колекција.
DW