Владата со зголемувањето на ДДВ за производите кои секојдневно ги купуваат граѓаните, ќе го уништи стандардот уште повеќе. Инфлацијата наместо да се заузда со овој потег на власта таа ќе се зголеми, сиромаштијата ќе се зголеми, а на сметка на тоа буџетот ќе се полни на грбот на народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Со поскапувањето на детската храна, цвеклото, наполитанките, сирење, урда, фефероните, кашкавалот, не се поскапуваат никакви луксузни производи како што говореше власта, туку се прави измама преку која ќе се полни буџетот кој после ќе се троши за криминални тендери, или за луксузирање на функционерите од власта. Очигледно дека власта има двојни аршини, за народот сметаат дека урдата и сирењето треба да бидат луксуз, а за себе смета дека е нормално да јадат бифтеци, фстаци и морски плодови.
Оваа криминална власт на ДУИ и СДС го одра народот до гола кожа. За тоа мора да има одговорност, а казната ќе ги снајде на следните избори.
извор:ВМРО ДПМНЕ