(ФОТО) Свечена седница во општината по повод 11 Октомври

По повод одбележувањето на 82-годишнината од 11 Октомври – Денот на Народното востание, денеска во Општина Охрид се одржа Свечена седница со која оддаваме почит на сите славни херои кои ги поставија темелите на новата Македонска држава и го реализираа многу вековниот стремеж на Македонскиот народ.
За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но, најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и достоинствено да се одговори на предизвициите кои ги носи иднината. Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на идниот националниот развој.
Затоа овој датум останува симболот на непокорот на Македонскиот народ и вечна инспирација за генерациите кои доаѓаат. Да го почитуваме и чествуваме уште многу години!
-пишува во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.