Шест аеродроми низ Франција се евакуирани денеска откако по имејл беа испратени „закани за напад“, изјави полициски извор за локални медиуми.
Евакуацијата на аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Бове во близина на Париз ќе им овозможи на властите „да ги расчистат сите сомнежи“ дека заканите би можеле да се реални, рече изворот.