Баба од Бар во десеттата деценија од животот купила блиндиран автомобил БМВ за кој и платила 200.000 евра

Баба од Бар во десеттата деценија од животот купила блиндиран автомобил БМВ за кој и платила 200.000 евра. Ова на црногорската јавност и го соопшти директорката на Мрежата за афирмација на невладиниот сектор, Вања Чаловиќ Марковиќ гостувајќи во емисијата „Načisto“, објави faktor.mk.

Имено, 91-годишната баба од Бар не е единствената „сопственичка“ на блиндирано возило. Шест години помлада од Никшиќ купила дури два блиндирани автомобили.

Баба од Никшиќ купила две

„Бабичка од Никшиќ, родена 1938 година си купила два блиндирани автомобили мерцедес. Баба од Бар родена 1932 година купила блиндирано БМВ и за тоа платила 200.000 евра. Од што, од пензијата“, прашува Чаловиќ Марковиќ.

Наведува дека меѓу другото тоа се примери во црногорското општество на кои треба да обрати внимание идната Влада, надлежните институции да видат од каде доаѓаат тие огромни пари, а каде завршуваат парите од Црна Гора.

Извор: faktor.mk