Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го потпиша протоколот за пристапување на Шведска во НАТО-алијансата, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
„Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО на 23 октомври 2023 година е потпишан од страна на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и е испратен до Големото народно собрание на Туркије (ТБММ)“, се вели во соопштението.