Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведени четворица битолчани

На 02.11.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода М.М.(37), М.А.(35), М.А.(33) и И.А.(53), сите од Битола. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пари во различни апоени.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР