Тешко повредена жена во сообраќајка во Ѓорче Петров

0
148

Тешко повредена 50-годишна жена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на ул.„Ѓорче Петров“ помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(24) од Скопје и патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.П. од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „цитроен“, В.Д.(50) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.