Стоилковски: Народот за пасоши во хангар, а криминалците во МВР, вака СДС и Спасовски замислуваат европеИзација

Овој хаос зад мене е сликата како СДС со Оливер Спасовски замислува европеизација!

Македонски даночни обврзници ги втера во хангар да вадат документи, да ги фотографира, небаре е постконфликтен Авганистан, истакна портапролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоиковски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Ниту систем постои, ниту закажување, туку редици и турканици.

Жално е што Оливер Спасовски и МВР подостоинствено и со поголема почит се поставија пред 215 белосветски криминалци кога им вадеа пасоши, отколку кон македонскиот народ кој што ги плаќа.

Оливер Спасовски кој 7 години прави хаос во државата наместо и да се слика со донации од Заев во пред кампања за претседател, да си поднесе одговорност и оставка.

Извор: ВМРО ДПМНЕ