More

    Институт за јавно здравје: Консумацијата на „Прајм“ кај децата треба да биде ограничена и контролирана

    Ако децата, на возраст од 1 до 14 години, консумираат 500мл дневно од „PRIME HYDRATION DRINK“, ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалок. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти. За децата на возраст од 7 до 14 години дневниот внес на витамини и минерали е два пати повисок преку овој пијалок, а ова особено се однесува на липосолубилнните витамини, како што се витамин А и витамин Е, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), откако во Словенија и во Хрватска е забранета енергетската верзија на производот.

    Истакнуваат дека овој производ не содржи кофеин, ниту шеќери, што значи не е енергетски пијалок, но затоа содржи засладувачи. Тоа значи дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи.

    -Консумацијата на „PRIME HYDRATION DRINK“ кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација 500 мл дневно. Како и секогаш нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови, појаснуваат од ИЈЗ.

    Напомена за возрасните лица дека не треба да консумираат повеќе од 500мл дневно.

    Постојат два вида од пијалокот – енергетска, односно кофеинска верзија, која содржи Л-теанин, кој не е дозволен во безалкохолните пијалоци во Европската унија и „Prime Hydra“, која се продава кај нас.

    Инспекцијата на Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата на Словенија извршила контроли на пијалокот „PRIME HYDRATION DRINK“ и открила дека во оптек има две верзии.

    „Prime“ се здоби со популарност меѓу децата на ТикТок, со оглед на тоа дека го промовираат најпознатите инфлуенсери, американските јутубери Логан Пол и KSI. Пол на Јутјуб има 23,6 претплатнци, а KSI има 24,1 милиони претплатници.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    4.8 ° C
    4.8 °
    4.8 °
    75 %
    3.6kmh
    100 %
    Wed
    6 °
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    12 °
    spot_imgspot_img