МВР го потврди идентитетот на починатиот планинар на Пелистер

0
103
National Park Pelister (Национален Парк Пелистер)

На 19.11.2023 во 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на место викано „Ловечка куќа“ на планината Баба било пронајдено починато лице.

Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото и било утврдено дека се работи за С.А.(76) од Скопје, кој бил дел од планинарска група која се движела кон Пелистер.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош Битола.

На местото на настанот увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.