Лога: Ја започнуваме постапката за екстрадиција

Министерот за правда Кренар Лога за „4NEWS.mk“ рече дека уште утрово, со почетокот на работниот ден, ќе започнат со подготовка на соодветната документација за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо од Турција во земјава.

Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка, вели Лога.

Вчера турската полиција го уапси првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На повеќе од 100 страници е напишана кривична пријава за убиството на скопјанката и велешанецот, а опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.