Кина денес од море лансира нов сателит во вселената за тестирање на интернет-технологиите, пренесува Анадолу.
Центарот за лансирање сателити „Таијуан“ во градот Јангјанг во јужната провинција Гуангдонг ја лансираше ракетата носач „Смарт Драгон-3“ (SD-3) во планираната орбита за да ги тестира сателитските интернет-технологии, соопшти Државниот совет на Кина.
Лансирањето е спроведено околу 3:24 часот по локално време.
Тоа е втора мисија од серијата ракети носачи „Смарт Драгон-3“. Првата беше реализирана во декември минатата година кога во вселената беа лансирани 14 сателити.
изво: Анадолу.
фото: Анадолу.