Со предложените измени и дополнувања, како што е образложено од предлагачот, Министерството за правда, врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија”број 41/22), се вршат соодветни измени на Законот за јавнообвинителска служба, при што минималната плата е утврдена како компонента на основната плата. Со предложените измени на Законот за јавнообвинителска служба се предлага трансформирање на минималната плата од компонента на основната плата – во дополнителни бодови за звање.
Утврден е и текстот на предлогот на закон за изменување на Законот за судска служба, на предлог на Министерството за правда, со истата цел.
Односно, со предложените измени и дополнувања, врз основа на законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија”број 41/22), се вршат соодветни измени на Законот за судска служба, при што минималната плата е утврдена како компонента на основната плата. Со предложените измени на Законот за судска служба, се предлага трансформирање на минималната плата од компонента на основната плата – во дополнителни бодови за звање.
mkd.mk