73-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од партнерката со која се договориле да живеат заедно

Вчера во 10.40 часот во Полициската станица Велес, 73-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од И.„Н“ од Кавадарци.

Според пријавеното, пред неколку дена тие се договориле да живеат заедно во неговиот дом во Велес, по што ѝ дал парични средства да ги чува, по што таа ги зела парите и неговата платежна картичка и си заминала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.