Според една верзија на 21 септември 1902 година (според некои извори 1901-ва), според друга верзија на денешен ден 23 декември во родниот Велес, во Џајково Маало, во борба против османлискиот аскер, откако снемал муниција, се самоубил македонскиот револиционер Миле Поп Јорданов.
Тој е постар брат на гемиџијата Орце Поп Јорданов, водачот на групата позната како Солунски атентатори.
– Поради неговата прерана смрт водејќи се од идејата за слободна Македонија, тој не создаде семејство, не создаде пород, но не создаде сите нас! Сите ние сме дел од идејата на Миле Поп Јорданов! Бог да го прости Миле Поп Јорданов, Миле Поп Јорданов за народ загина, за народ загина за Македонија, гласи една од пораките, на панихидата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, што лани се одржа во Велес.
Миле Поп Јорданов е роден на Којник во Велес во 1879 година. Тој бил просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење, секретар и војвода на ТМОРО. Во негова чест е испеана познатата народна песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, која е и официјална химна на градот Велес.
Миле Поп Јорданов (на велешки Поп Орданов) е најстариот син на Ѓошо и Султана Поп Јорданови од велешкото маало Којник. Покрај брат му Орце, Поп Јорданови имале и четири ќерки: Елена, Марија, Павлина и Олга. Павлина Поп Јорданова била омажена со братот на истакнатиот македонски револуционер и член на Гемиџиите, Павел Шатев.
denesen.mk