Стефан Богоев од СДС вели дека далеку од нормалност и од реалност е да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да има мнозинство. Но, она што вистински е далеку од нормалност е некој од раководството на СДС да признае каков хаос направија во државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме истот во целост:
Тие кога не се свесни за тоа, што очекувате да се свесни друго. Ваков пропаст и распад на систем и институции нема во историјата. И на крај на денот што очекувате да каже еден размазен поранешен градоначалник како Богоев кој мандатот го помина во играње плеј стејшн со другарчињата, па мораа да го смират кога изгуби и му ја дадоа Царина да ја води, небаре Царина е цуцла за смирување. Е тоа е далеку од нормалност.
Далеку од нормалност е што Ковачевски на член на најблиската фамилија и отстапи земја за 7 денари квадрат, што Артан бира подизведувачи за Бехтел и Енка и објавува огласи за вработување за таа фирма, надвор од реалноста е што царува дрогата насекаде и што има убиства по улици и молови, киднапирање деца, палење возила секој втор ден, што нема тендер или бизнис, а да не се инволвирани Зечевиќ ли, Ковачевски ли, Артан ли…
Далеку од нормалност е воопшто што Богоев помислува дека се уште има некој надвор од тие 140-150 илјади гласачи нивни, што може да гласа за нив. Далеку од нормалност е што си се лажат меѓу себе дека ќе формирале влада и дека ДУИ ќе им помогнела во тоа и после на ДУИ ќе им дале уште повеќе од сега. Далеку од нормалност е една ваква дрска невоспитана размазена личност, кој се наполни со пари, што воопшто може да помисли дека некој постои што сака да знае што мисли тој.
И не знаеме што е проблемот со функционерите на СДС што отекуваат само што ќе дојдат на власт. Дали е алергиска реакција или нешто друго. Е тоа не е нормално. Како во фабрика да ве произведуваат. Како што не е веќе нормално за жал ништо што го правите.
Во прилог е линк од најголемиот успех на овој благонадежен функционер на СДС.
Гледајте и кажете после што е далеку од нормалност, а што не е.