Една жена и нејзините четири мали деца се пронајдени мртви во стан во градот Мо во близина на Париз, соопшти локалниот обвинител, пренесува AFP.
Покрената е истрага за убиство. Полицијата трага по 33-годишниот татко кој е исчезнат.
Мажот и е познат на полицијата и е главен осомничен во случајот, пишува Actu17.
Истрагата ја води правосудната полиција во Версај.