Обвинителството нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена

Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена, во која учествуваа три патнички моторни возила. Како што појаснија од Обвинителството за МИА, бил извршен увид на лице место на патот Неготино – Кавадарци. Еден возач починал, друг бил повреден. Две лица биле неповредени во третото возило.

-Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата. Издадени се сите потребни наредби, меѓу што и обдукција на починатото лице. Се работи на утврдување на причините за несреќата, додадоа од Обвинителството.

извор: МИА