Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист на светот!

Според изборот на престижниот француски портал „L’equipe“, Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист во светот во 2023 година.

Новак беше избран за прв без речиси никаква конкуренција бидејќи имаше дури 515 поени повеќе од следниот Лион Маршанд (пливач), односно 528 поени повеќе од Макс Верстапен (Ф1 возач).

До десеттото место листата е следна: Ноа Лајлс (спортист), Сија Колиси (рагбист), Марко Одермат (скијач), Јоханес Бо (биатлон), Тадеј Погачар (велосипедист), Метју Ван дер Пол (велосипедист) , Ерлинг Халанд (фудбалер).

Во изборот за најдобра спортистка е избрана гимнастичарката Симоне Билес со 812 поени, а зад неа е скијачката Микаела Шифрин и пливачката Кети Ледеки.

До десеттото место, листата е следна: Ајтана Бонмати (фудбал), Деми Валеринг (велосипедист), Фејт Кипегон (спортистка), Шарика Џексон (атлетичарка), Џенифер Хермосо (фудбал), Тигист Асефа (спортистка), Лоте Копеки ( велосипедист).

Порталот Екипа оваа награда ја доделува секоја година од 1946 година, а гласањето е целосно тајно.

 

teleraf.rs