Со цел да одговориме на сите нејаснотии кои се појавија во јавноста во врска со објавениот оглас за прием на 411 работници во Јавното претпријатие Национални шуми, должни сме да дадеме неколку одговори :
1. Конкурсот за прием е по сите законски норми и при определувањето на националноста на кандидатите е користен тнр. Балансер, алатка измислена и законски донесена во 2015 година со Законот за административни службеници. Таа алатка ниту е наша измислица, ниту нешто што прв пат се применува. Се работи за математичка формула која не може никој да ја промени.
2. Од 2019 година досега, ЈП Национални шуми има ПОМАЛКУ 700 вработени и сериозно е доведено во прашање егзистирање и извршувањето на надлежностите на јавното претпријатие.
3. Во последните шест години, во ЈП Национални шуми се вработени 3 (тројца), работници, а си заминале по разни основи над 700 луѓе, а во 2024 ќе заминат дополнителни 84 вработени.
4. Најголемиот дел од нововработените ќе имаат минимална плата и ќе работат тешки физички работи, неопходни за нашиот производствен процес.
5. Бидејќи сме претпријатие кое функционира на целата територија на Македонија, Балансерот не познава каде и во кој дел кој ќе се вработува. Ако не се пријави соодветен кандидат, тогаш конкурсот се повторува. Ги повикуваме сите заинтересирани, пред да објават и да шпекулираат што било, да се обратат на официјалните адреси на Национални шуми и да добијат соодветни одговори.
ЈП Нациоални шуми