Кум оваа година е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа централното одбележување на Бадник. Кум оваа година е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, а здравичар е актерот Анастас Тановски.

Во своето обраќање денеска пред Соборниот храм Јанковски го честита празникот Бадник и порача да имаме разбирање за различностите, за секого во овој град, и да простуваме.

– Јас сум попско дете. Мојот дедо бил поп и јас поради тоа се чувствувам посебен денеска пред овој храм и на овој ден. Сигурен сум дека мојот дедо поп Станко и мојата баба попадија Нана би биле денес горди на својот внук. Благодарам на сите за оваа приивлегија која ја имаме денес. Скопје е на сите родени во Скопје, но и на сите кои живеат во него. Таа различност на сите жители на Скопје го прави Скопје метропола. И тоа така засекогаш треба да остане – рече Јанковски.

Јанковски со сопругата Радмила Шекеринска и со ќерката Ада, следејќи ја традицијата, седнаа во пајтон и се упатија низ скопските улици.

 

plusinfo.mk