Славчо Попоски најави посериозна соработка со ЈП „Македонија пат“, Аирлија нека е!

Метеорологот Славчо Попоски најави посериозна соработка со ЈП „Македонија пат“.

„Денес имав голема чест да направам работен состанок со директорот на “Македонија пат”, господинот Костадин Ацевски со кој разговаравме за почеток на сериозна соработка помеѓу мене и “Македонија пат”. Аирлија нека е!“ напиша тој на Фејсбук.