Замрзнатиот водопад Сиклава Скала во Словачка и оваа зима привлекува голем број туристи што уживаат во спектакуларна глетка, јавува Анадолу.
Водопадот Сиклава Скала е висок 14 и широк 30 метри. Сиклава Скала е позната природна туристичка атракција за која туристите покажуваат особен интерес во текот на зимата кога ниската температура создава замрзната структура полна со ледници.
Несекојдневната глетка ги привлекува туристите што доаѓаат да го фотографираат замрзнатиот водопад.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.