179 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои 20 за непочитување на брзината на движење, 13 за возење без возачка дозвола, пет мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, 15 мерки за користење на мобилен телефон…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
mvr