Голем пожар попладнево избил во скопската населба Драчево, кој најпрво почнал на покривот на една барака, но потоа се проширил на дури три бараки – домови.
На терен се 6 противпожарни возила на Противпожарната бригада на Скопје со 15 пожарникари кои во моментов се борат со пламените јазици.
– Пожарот избувнал околу 17:25 часот на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36. во Драчево, Скопско. Во моментот има информација дека пожарот е проширен и бие зафатени три бараки (куќи). Интервенираат 15 пожарникари со 6 ПП возила од БППЗ на Град Скопје. Екипите на БППЗ на Град Скопје во 20:15 часот се уште се на терен – соопштуваат од Центарот за управување го кризи.
faktor.mk