Во Доха, Катар, изложен најголемиот букет од природно цвеќе во светот

Во Културното село Катара во Доха, главниот град на малата арапска земја, изложен е најголемиот букет од природно цвеќе во светот, јавува Анадолу.

Овој букет влезе во Гинисовата книга на рекорди. За изработка на букетот се користени околу 5.564 петунии, висок е шест метри, а исто толку изнесува и неговиот пречник.

Катара е дел од градот кој го претставува повеќедимензионалниот проект на државата Катар, што ги поврзува луѓето од целиот свет. Во Културното село има музичка академија, бројни галерии, музеи, голем отворен амфитеатар каде се организираат бројни настани, регионални и локални фестивали, работилници, перформанси, конвенции, претстави и изложби. Има и кино, конференциски сали и поморски музеј.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.