Дождот не го расипа карневалското славје во Германија

Зенитот на традиционалниот карневал започна со улични славја во градовите покрај реката Рајна во Германија. Но, „петтото годишно време“ годинава е проследено со обилни врнежи. Но, тоа, очигледно не ја расипува забавата.

Овие карневалисти во Келн се целосно покриени со влажни конфети додека го слават отворањето на уличниот карневал во текот на вчерашниот ден во кој непрестано паѓаше дожд.

Во градовите на Рајна на западот на Германија во тек е зенитот на карневалската прослава. Таа започна вчера на 8 февруари на „Weiberfastnacht“ или Женски четврток, точно во 11 часот и 11 минути. Големи карневалски поворки ќе го преплават Келн, Дизелдорф, Бон, Мајнц и други градови на Розовиот понеделник (Rosenmontag), кој се смета за кулминација на уличниот карневал.

Сепак, времето годинава не им оди одрака на љубителите на карневалот. Германската метеоролошка служба издаде предупредување за делови од земјата каде се одвива карневалот поради обилни и континуирани врнежи од дожд.

DW