Уште едно убиство во Германија: Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син

Уште едно убиство на македонски државјанин во Есен, Германија ја вознемири македонската јавност. Германскиот весник Билд пишува дека во  стан, 41 годишна жена  била избодена од сопругот пред очите на нејзиниот осумгодишен син. Таа веднаш искрварила до смрт. Некои медиуми јавуваат дека жртвата била од Кавадарци.

Постариот син (16) ја известил полицијата за ужасниот настан. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил многу вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена.

Полицајците, како што пишуваат германските медиуми, кои пристигнале на местото ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката, но за жал не успеале да ја вратат во живот.

Пред неколку дена во истиот град беше до смрт претепан македонскиот државјанин Емре Исмаил од Жировница.