Апелациониот суд денеска ја одби жалбата на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања за укинување на мерката притвор.
„Апелациониот суд Скопје, жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, соопшти судот.
Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.