Кој е новиот бизнис цимер на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети? – Отворил фирма во јули, доаѓа од Тексас. Oд една страна албански патриот, од друга страна сопственик на стриптиз барови со проблеми со законот во Америка. Донел три милиони евра во истиот период кога Дрин Ахмети станува директор на Соравија. КОД открива повеќе детали за Ник Назар Мехмети.
Во КОД вечерва и за првата зделка која внукот на лидерот на ДУИ ја склучил и добил државни пари. КОД открива и дека зградата на седиштето на „Еуростандард“ има нов газда, но не тој што дал понуди во стечајната постапка за имотот кој е создаден за да биде банка.
Во вечерашната емисија и за новите злосторства поврзани со крвавата војна меѓу скопските нарко банди Беланоца/Барон и Дуќанџик/Грчец.
Гледајте КОД вечерва на Телма во 19:15 часот.